Мигрант со секира им упаднал дома додека две деца биле сами во куќата

На вонредната седница на Советот за безбедност во општина Шид, донесена е одлука да се бара затворање на приватниот центар за мигранти кои се наоѓа во овој пограничен град со Хрватска, пренесува Новости.

Ова следеше по инцидентот кој се случи пред два дена, кога мигрантот упадна со секира во куќата на семејството Штимац во Шид.

Мигрантот вооружан со секра упадна во петокот вечерта во домот на Штимац, кој се наоѓа на улицата Срета Славујевиќ во Шид. Во тој момент во куќата биле само две малолетни девојчиња, една од девет и другата од единаесет години.

„Кога се вратив дома, вратата беше широко отворена, а мојата ќерка уплакана. Тогаш ми рекоа дека упаднал мигрант со секира во рацете, ми зборуваше нешто, но не разбравме. Зеде два мобилни телефони и новчаник“, говори Бранислава, мајка на девојчето и вели дека побегнал преку нивата, која се наоѓа непосредно во близина на пругата долж патеката по која мигрантите секојдневно се движат, со желба да најдат начин како да ја преминат границата.

Мештаните од оваа улица, како што истакнуваат, постојано се плашат од мигрантите, влегуваат во нивните доворови, од градините земаат што сакаат. Сето ова беше капка која ја прели чашата, па општинското раководство донесе ваква одлука.

„Физички пресметки, грабежи, ова не е прв пат. Ние нема да бидеме заложници на мигрантите. Бевме добри домаќини, но нема да дозволиме да некој ја злоупотребува нашата добродојденост.

„Бараме од сите налдежни институции да се реши овој проблем, а ние од нашите барања нема да се откажеме. Тоа е да се затвори приваниот центар на мигрантите во Шид“, изјави Предраг Вуковиќ, претседател на општината Шид, по вонредната седница на Советот за безбедност.

 

 

 

 

 

09.04.2017 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега