На лице место дознаа за трагедијата: Потресна реакција на сопругата и сестрата на загинатиот пилот

Сопругата и сестрата на еден од настраданите пилоти, потполковник Ненад Чулибрак, дојдоа вчера на лице место каде се сруши школскиот борбен авион „ Супер галеб Г-4“ во регионот на Слатино кај Шабац. 

- Не можам да верувам дека мојот сопруг вака го загуби живото. Тој е искусен пилот и на него не требаше ова да се случи. Се уште очекувам тој да е некаде жив, рекла сопругата на Ненад. 

Тие стоеле расплакани покрај полицијата која не им дозволувала да се приближат на местот на несреќата. 

Набрзо, им пришло едно воено лице кое им соопштило дека Ненад е загинат. 

Сопругата била повикана од воздухопловството, каде надлежните ја известиле дека дошло до несречата, а потоа се упатула на местото каде паднал авионот, надевајчи се дека нејзиниот сопруг е жив. 

Милорад Чазаревоќ, чија куќа се наоѓа на 50 метри од местото каде паднал авионот, раскажа за српските медиуми, што се случило. 

-Јас го пратев авионот од летото до падот. Тој прво направи еден круг, ми дојде позади куќа. Дојде до Шабац и се врати до Слатино, напарави уште еден круг околу селото и ја зголеми брзината, а едното крило веќе му беше свртено на земјата, вели селанецот. 

Тој истакана дека звукот бил толку силен што неговото куче не сакало да излелзе од шталата.

Откако паднал авионот Лазаревиќ се доближил до емстот на несреќата и како што вели, ги видел останките на пилотите.

 Полицијата за брзо време пристигнала полицијата на местот на несреќата. 

 

 

 

 

 

 

09.04.2017 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега