Две девојчиња загинаа, четири лица се повредени при уривање куќа во Полска

Две девојчиња ги загубиле животите, а четири станари добиле повреди кога утрово се урнала голема куќа во југозападна Полска, близу градот Вроцлав. Причината била неисправна инсталација за гас, известуваат полските медиуми.

Експлозијата во местото Шведоџице била толку силна што објектот е речиси срамнет со земја.

Бројката на жртви е уште непозната, оти над 20 пожарникари ги пребаруваат урнатините. Сè уште не е позната судбината на 11 лица, за кои се смета дека се под урнатините.

Според „Газета Виборча“, во куќата живееле 18 луѓе.

Меѓу неповредените е едно дете, кое мајка му го испратила да купи леб. Но, кога се вратило и ја видело урнатината, паднало во шок.

 

 

 

08.04.2017 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега