Парчиња од телото беа расфрлани по нивата – Пилотите Дејан и Ненад се обиделе да го направат невозможното

Мештаните од Слатино кај Шапца, и понатаму се ужаснати од фактот дека биле сведоци на губењето на два човечки живота. Во падот на воениот авион во петокот загинаа пилотите Дејан Пандуровиќ и Ненад Чулибрк.

„Се видов, од летот, до падот. Авионот прво направи еден круг и излезе од мојата куќа па замина кај Шапца. А, потоа се врати, направи уште еден круг, крилото веќе му беше свртено надоле. И под полн гас се зари во земјата“, ја опиша за „Вечерни новости“, драмата Миодраг Лазервиќ, чија нива беше дел од земјата каде падна леталото.

Веднаш се стрчал, да види дали може да помогне, но залудно.

„Страшно. Делови од телото беа растурени по нивата. Ме праша полицаецот потоа дали приметив дека пилотот се катапултирал. Не велам. Никој жив не можеше да се извлече од тој пекол. Го следев со поглед авионот се додека не падна.

Галеб Г-4 леташе на мала висина, а благодарение на среќата или умешноста на екипажот, избегнати се и жртви и штета на земјата. Од силината на ударот, сведочи и длабокиот кратер, и на сите страни распарчените остатоци од авионот. Екипажот до последен здив водеше борба да авионот се подигне во небото и ја избегне трагедијата.

„Излегов надвор и видов дека авионот прелетува куќа на само 15 – 20 метри висина. Се нишаше лево-десно, и отиде кон селото Бојиќ. По една минута слушнав силен татнеж, и кога погледнав од терасата, вивод дека нешто експлодира“, вели баде Грујиќ.

Пантелија Марковиќ го следеше преку брдото како авионот прелетува. Најпрво делуваше сосема нормално, а потоа почна да прави акробации. Веднаш видов дека пилотот е во големи проблеми:

„Не видов дека авионот така лета. Почна да пропаѓа, се до крововите и оџаците.  Потоа се прврте наопаки и потоа уште една се обиде да се извлече. Кога следниот пат, по исправување почна да понира, му немаше спас.
Своето сведоштво го даде и еден од нивните колеги од батајничкиот аердром.

„Многу непотврдени информации. Летаа на мала висина, прашањето е дали можеа да се катапултираат. Не е невозможно да во прилика за тоа пропуштиле да го спасат леталото или да побегнат од населеното место, за да избегнат повеќе жртви“, вели колегата Пандуровиќ и Чулибрик.

Дејан требаше да управува со „миг“ од Русија

 

Дејан Пандуровиќ (38) наредната задача требаше да му биде руски „миг“, кој ќе стигне од Русија.

„Беше сјаен момак. Почина татко му пред неколку години, мајка му Стојанка живее во Врбас, братот во Нови Сад, а тој живее во Миријево. Дејан требаше да управува со „миговите“, кој требаше да стигнат од Русија. Му било понудено за да еден од нив го управува, прво да отиде на обука во Русија“, изјави човекот од Врбас кој не го познавал.

 

 

 

08.04.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега