Коневски ја повика опозицијата на јавна телевизиска дебата

По прозивките од опозицијата, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски преку социјалните мрежи упати повик до опозицијата во кој ја повикува на ТВ дебата.

-Повик до опозицијата! Со оглед на непрекинатото ширење невистини во јавноста за наводното уништување на зеленилото во Општина Аеродром, Ве поканувам на јавна дебата на телевизија што Вие ќе ја одберете најтранспарентно да ги спротивставиме аргументите за граѓаните сами да можат да ја согледаат јасно вистината за мојата и работата на Општината Аеродром и на тој начин да ставиме крај на грубите дезинформации и манипулации што секојдневно ги ширите во јавноста за свои очигледни политички цели.Ивица Коневски, пишува градоначалникот на Аеродром.

 

 

 

 

08.04.2017 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега