Пет часа возела заспана зад воланот

 

Жена од Нов Зеланд поради голем умор заспала зад воланот на својот автомобил и така возела дури 300 километри.

Полицијата примила повик од личност која била загрижена, бидејќи жената го земала возилото, а страдала од проблеми со спиењето, па затоа веднаш пратила патроли да ја испитаат ситуацијата. Жената спиејќи праќала и пораки од својот мобилен телефон, па полицијата лесно и влегла во трага преку мобилниот.

 Податоците покажале дека жената возела цели 5 часа и поминала 300 километри. Откако ја пронашла полицијата таа не се сеќавала што се случило и дека заспала.

10:39

најчитано сега