Пукање во Куманово

Вчера во 13 и 55 часот телефонски во Полициската станица во село Матејче, 59- годишен Ш.Н од  село Оризаре, пријавил дека во временскиот период додека бил на Петочна молитва во неговиот плац за градежни матријали, од страна на непознато лице од огнено оружје оштетено е ветробранското стакло од камион „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, кој бил паркиран во кругот на градежна фирма, лоцирана пред село Оризаре.

Од пукањето извршено е оштетување на пластичниот филтер за воздух од надворешната страна зад кабината кој го пробил стаклото зад возачкото седиште и ја оштетил предната шофершајбна од левата страна.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово, при што проектилот е пронајден меѓу двете седишта.

Истиот е подигнат за понатамошно постапување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

 

 

 

08.04.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега