Температурен шок во Македонија, разведрувањето пристигнува побрзо отколку што мислевме...

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринската температура во недела на места ќе се спушти под нулата, а дневната температура ќе биде во пораст и ќе достигне над 20 степени во регионите на југоистокот. Во вторник се очекува температурата на југоисток да достигне 24 степени. 

 

 

 

08.04.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега