11- годишно девојче испило „доместос„ поради тројка по математика

Ученичка (11) од четврто одделение од Основното школо „Учител Таса“, во Ниш испила корозивно средство „доместос“, поради разочараноста дека добила тројка на тестот по математика.

Инцидентот се случил во четвртокот во школскиот тоалет, каде девојчето пронашла боца за дезинфекциско средство. Благодарение на брзата здравствена интервенција не претрпела тешки последици и истиот ден е пуштена дома.

Директорката на школото Радмила Крстиќ вели дека оваа ученичка била одлична дури и дека кај неа не е приметено никакво пореметување на однесувањето. Кога учителката соопшти дека добила тројка на контролниот испит по математика таа се расплакала.

 „Учителката и кажала да оди до тоалетот да се измие и да се смири. Таа ја послушала, а како што подоцна се видело на безбедносните камери, од просториите каде стојат дезинфекционите средства, земала боца со „доместос“ и испила две голтки. Кога се вратила во училницата за време на школскиот одмор, таа се пожалола на една другарка дека ја боли стомак и признала што направила. Го повратила средството кое што го зела. Веднаш повикавме Итна помош и детето е префрлено во болница“, објаснува директорката за српски Телеграф.

Таа додала дека школото спровела истрага за да се установи поради што опасното средство било достапно за децата.

„Востановено е дека помошниот работник накратко ја оставил незаклучена просторијата со хемиски средства затоа што ја тука ја сушел крпата со која ги бришел подовите. Поради тоа против него ќе биде покрената дисциплинска постапка и тој е суспендиран“, вели Крстичева.

Таа нагласува дека најважно е што ученичката е сега добро, но дека во понатамошната работа со неа ќе работат стручни служби.

 

 

 

 

 

 

08.04.2017 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега