Трик со кој ќе ги разгазите чевлите за само 5 минути: Чевлите не го менуваат обликот, а плускавци никогаш нема да се појават

Која жена не сака да си купи  нови чевли? Сепак, припадничките на понежниот пол често купуват чевли кои се малку тесни, но преубави, дури кога зборуваме и за најудобните квалитетни патики, ретко кој првиот ден ќе му мине без плускавци. 

Но, со помош на фен, најомразениот проблем со чевлите ќе стане минато. 

За да ги разгазите новите чевли и да спречите појава на плускавци ви требаат само неколку минути. Облечете чорапи, а потоа и новиот пар чевли. Вклучете го фенот и дувајте со топлиот воздух на местата кај што имате проблем.

kako-razvuci-obucu-2

Исклучете го фенот и останете во чевлите додека не се оладат. Материјалот ќе се рашири толку колку што нема да ви прават плускавци, и ќе станат меки и флексибилни. 

 

 

 

 

 

08.04.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега