Протест во Гевгелија: Ќе сториме се за да го одбраниме унитарниот карактер на Македонија

Македонија не е само обична земја. Македонија е икона на Балканот, црква на Европа, манастир на светот и затоа на предавниците што сакаат евтино да ја продадат, рацете ќе им се исушат и името ќе им се избрише ако посегнат по неа, порача актерот Петар Темелковски кој вечерва им се приклучи на гевгеличани на мирниот протестен марш за подршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Граѓаните на Гевгелиија пак порачаа дека токму тиранската платформа кај нив се повеќе го буди патриотизмот за кој и не биле свесни дека се крие во некое катче од нивното тело и дека нема да дозволат да ги води тиранска влада.

Вечерва на маршот се приклучија и средношколците од Гевгелија кои порачаа дека Македонија им е се што имаат и дека ќе сторат се за да ја одбранат нејзината целовитост и унитарниот карактер.

 

 

 

07.04.2017 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега