ФОТО: Кочани обоен во „црвено-жолто“-Народот на нозе во одбрана на својата единствена татковина
Граѓаните на Кочани и вечерва преку приотестн марш дадоа целосна подршка на ииницијативата „За заедничка Македонија“. Со транспаренти за зачувување на целовитоста на државата, тие низ улиците на градот и вечерва го искажаа својот револт за редефинирање на државата и воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик.
Кочанци со став да не се попушта во напорите за прифаќање на тиранската платформа, за неделивост и сочувување на унитарниот карактер на државата.
По обиколката низ градските улици учесниците на протестниот собир се собраа пред споменикот на Никола Карев во градскиот парк каде свое обраќање имаше Гордана Манева, педагог од Кочани, која укажа на потребата од сочувување на сопствениот македонски јазик и сопствената земја Македонија.Таа ги покани кочанци и во наредните денови масовно да излезат на протестените маршеви со што, како што рече, ќе го покажат единството и сплотеноста како македонски народ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа