Исповед на транвестит и дизајнер: „Ме силуваа, ме претепуваа, но никогаш не се откажав од себе“

 

„Се чувствувам како жена. Прва сум во Југославија, а потоа во Хрватска, која јавно зборуваше. Ме нарекуваат болна и одвратна.“

Романа Тејлор е трансексуалка од Загреб, која во 90-те билапозната како дизајнер кој работи за естрадата. Нападната е 50 пати, а 21 пат физички. Претепана, ограбена и силувана.
 
„Јас сум трансродна личност, се чувствувам како жен. И прва сум во Југославија, а потоа и во Хрватска, која јавно зборувала за ова.“- вели таа.
За многумина е храбра активистка која без компромиси сведочи за трансформацијата низ која поминува, а за некои е луда егзибиционистка. На навредите навикнала, бидејќи е секако нарекувана: педерастична, болна, одвратна...
 
„Никогаш не зажалив што јавно проговорив, Плачам, здравјето ми е нарушено, прашувам зошто ми требаше сето оа, но ако не може поинаку, нека преку ударите кои ги добивам се отвори оваа тема, не дозволувам да ме замолчат. Морам да бидам видлива и ќе ги издржам ударите. Иако би ми било најлесно да се кријам и молчам.“- објаснува Романа.
 
Таа порано била Роберт Бантиќ, или попрецизно Робантико, извикан моден дизајнер, чии креации ги носеле многу познати личности како Северина, Јосипа Лисац, Ивана Банфиќ.
 
„Долго живеев како момче, бидејќи не знаев поинаку. Се облекував како маж, но секогаш носев женска долна облека. Нвечер излегував како жена.“- се присетува таа.
Оваа година таа ќе подлегне на хируршки зафат и ќе се трансформира во жена.
 
„Мојот покоен татко ме поддржуваше, не ме осудуваше и денес би ми било полесно доколку е жив. Со него планирав да заминам во странство уште на 16 години и да ги направам операциите, но за жал, почина.“- натажено зборува Романа.
 
Вели дека не се плаши ниту срами и дека никогаш нема да се откаже од себеси, затоа што само го живее својот живот.
 

 

 

07.04.2017 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега