Премиерот сподели шокантен рецепт со народот: „Зошто промовираш вакво ѓубре? Не можеме да веруваме!“

 

 

Редок случај е претседател или премиер да сподели некаков рецепт со својот народ. Но, не и кога е во прашање премиерот на Нов Зеланд Бил Инглиш, кој готвел вечера за своето семејство, а потоа со својот специјалитет се пофалил со фотографии на Фејсбук.
Тој подготвил пица со ананас и шпагети од конзерва. Граѓаните не беа воодушевени, па оставаа секакви коментари:
-„Не можам да верувам дека го направил ова. Не сум сноб, но претпоставувам дека барем еднаш во животот си направил вистинска пица.“- беше еден од коментарите на огорчените граѓани.
-„Зошто промовираш вакво ѓубре? Зарем ова би го сервирал на меѓународните гости? Или ова е само за народот?“- беснееше народот.
Некои пак, ова го протолкуваа како обид да се оттргне вниманието на народот од сериозните орашања, како расправата за отворање истрага за воените злосторства во 2010 година.
-„Ако сакаш да одвлечеш внимание од прашањата за Авганистан или константната злоупотреба на јавните средства, направи добра работа со оваа монструозно творештво. Зарем не можеше ни состојките да ги распоредиш да не ти паѓаат од тестото?“- беше една од политичко- кулинарските критики.
Секако, постоеја и таки кои беа воодушевени и изјавија дека зготвил евтин рецепт за своето осмочлено семејство, а водено ги потсетил на носталгичниот рецепт од нивното детство кој бил популарен на новозеландскиот остров.
 
 

 

 

07.04.2017 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега