Сопственикот на Фејсбук прима плата од само еден долар

 

Сопственикот на Фејсбук, милијардерот Марк Цукерберг се придружи денеска во клубот на директори на Силиконската долина, во центарот на информатичка индустрија во САД, кој оваа година прима плата од само еден долар. Закерберг ќе прима плата од само еден долар и се согласи да не прима никакви годишни бонуси. Неговото богатство се проценува на 13 милијарди долари па нема баш да му недостига неговата прва плата. На листата на клубот на Силиконската долина, богатите директори и сопственици на компании кои веќе примаат по еден долар, а седат на цело богатство, се и коосновачите на Гугл Лери Пејџ и Сергеј Брин, сопственикот на компанијата „Оракл“ Лери Елисон и компанијата „Зинга“ Марк Пинкус, а до самата смрт беше и основачот на Епл Стив Џобс.

најчитано сега