„За заедничка Македонија“ до СДСМ: И ние имаме план, народот кој што ве ставил во Собрание, може и да ве извади од Собранието

Членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денеска одговори на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски дека СДСМ имале план како да изберат спикер и потоа да формираат влада.

Љупчо, и ние имаме два плана. Првиот е да се откажете од Тиранската платформа, а потоа формирајте што сакате и како сакате. Вториот план е следен, народот кој што ве ставил во Собрание, може да ве извади од Собранието, и тоа не смеете да го заборавите, му порача Илиевски на Николовски.

Тој рече и дека никакви обиди за шверцање или подметнување на Тиранската платформа да не им падне на памет, бидејќи, како што вели, тогаш и нас може да ни падне на памет сенешто.

Илиевски денеска ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива

„За заедничка Македонија“.

– Повторуваме дека сите политички субјекти мора да се откажат и да ја осудат Тиранската платформа. Не може да се избере Претседател на Собрнието кој нема да ја отфрли и да ја осуди Тиранската платформа, истакна Илиевски.

Според него, досегашните протести на иницијативата довеле до неколку победи.

– И овдека, под Порта Македонија ќе повторам дека благодарение на нашата активност, секој ден на улица, немаме Тиранска влада. И денеска не беше избран Претседател на Собранието, качен на Тиранската платформа, посочи Илиевски.

Тој додаде и дека барањата на граѓаните ги слушнале сите амбасадори,некои, како што вели, со поотворени уши, а некои не.

 

 

 

05.04.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега