Убиство ја потресе Македонија: Велешанец ја уби сосетката

Убиство денеска ја потресе Македонија. Напладне велешанец ја убил својата сосетка, откако најпрвин и се заканил и на неа и на нејзините син и снаа.

Од основното обвинителство во Велес информираат дека велешанецот бесен тргнал кон нив соземјоделска алатка и нож, а тие исплашени влегле во нивната куќа и се заклучиле. Соседот продолжил да дивее и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот и снаата се обиделе да и помогнат, но и тие биле нападнати и тешко повредени.

Жената била однесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, но за жал им подлегнала на повредите.

Вршејќи увид на лице место, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес наредил прибирање на сите траги од лице место, одземање и натамошно вештачење на оружјето со кое е извршено кривичното дело, дадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатата.

Дејствијата преземени од страна на обвинителството продолжуваат во насока на расветлување на фактите во предметот .​

 

 

 

05.04.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега