Две силни детонации во Тетово

Силни детонации вчеравечер ги вознемирија жителите на Тетово неколку минути пред 22 часот. Граѓаните што живеат на булеварот „Благоја Тоска“ пред болницата сведочат дека станувало збор за невообичаено силни звуци, поради што се одлучиле да се јават во полиција.

- Се слушнаа две експлозии пред 22 часот, па се јавив во полиција бидејќи за толку силен звук веднаш помислив дека станува збор за бомба или некакво оружје. Двата татнежи се слушнаа едноподруго, а видов и светлина што се префрла од една на друга страна на небото - велат жителите.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека, по пријавувањето на случајот во тетовската полициска станица, полициски службеници на СВР Тетово излегле на посоченото место.

- На улица пронајдени се предмети т.е. остатоци од пиротехнички средства, огномет, дрвен стап, тврди делови од пластика и неколку парчиња од хартија, при што е констатирано дека од страна на непознато лице предходно се активирани пиротехнички средства. Се преземаат местки за целосно расчистување на случајот - информираат од МВР.

 

 

 

05.04.2017 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега