Милошоски: Колеги пратеници, полетуваме за 7 минути! (ФОТО)

Постапките на СЈО се повеќе стануваат предмет на потсмев во јавноста. Специјалното јавно обвинителство истражува дали членот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски има авион и фирми на негово име. Ова го обелодени Милошоски објавувајќи документи од барањата на тимот на Катица Јанева до надлежните институции. Според него, ова е доказ дека СЈО врши притисок врз неистомислениците на Зоран Заев.

-Овие истражни постапки на СЈО, дали Антонио Милошоски имал авион или хеликоптер или други некакви воздухоплови, или некакви фирми кои ги немам, се еден дегутантен притисок кој што има само политичка цел, а тоа е да му помогне на господинот Заев да компензира за политичкиот капацитет што го нема во моментот и по секоја цена да биде премиер, изјави Милошоски.

-Колеги пратеници од Кичево, Охрид, Струга & Вевчани – зборно место – полетуваме за 7 минути!, напиша Милошоски на социјалните мрежи.

 

 

 

05.04.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега