Му нема крај на крвопролевањето во Египет - загинаа 278 лица

Ситуацијата во Египет станува се полоша. Во текот на ноќта Египет беше арена на жестоки судири и протести  и покрај прогласената вонредна состојба.

Приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси реагираа гневно на крвавото растурање на нивните протестни кампови од страна на силите за безбедност, па затоа се собрале пред џамијата во источниот дел на Каиро. ОД друга страна, ситуацијата во Египет е мирна, благодарение на воведување на вонредната состојба.

До сега 278 лица се убиени, а две илјади се ранети. Најголем дел од нив се цивили. Во Египет вчера загинаа вкупно 43 полицајци, од кои 18 офицери, изјави министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим. 

Времениот претседател на Египет Хазем ел Беблави изјави дека полицијата и армијата пројавиле исклучителна воздржаност, но оти биле соочени со ситуација, која не можеле да ја толерираат.

- Анархијата се ширеше и беа напаѓани болници и полициски станици, нагласи тој. 

Беблави вети дека ќе продолжи преодниот процес, кој треба да доведе до одржување на парламентарни и претседателски избори во Египет на почетокот на следната година.

09:10