Сноуден стапи во директен контакт со татка си

Поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, кому му е одобрен привремен азил во Русија, стапил во директен контакт со својот татко.

Лон Сноуден ги известил за тоа своите адвокати. Тој одлучил да стапи во контакт со неговиот син и покрај тоа што му било препорачано да не го прави тоа. Друг ризик бил коресподенцијата да биде пресретната и дешифрирана од американските специјални служби. 

Извор на ИТАР-ТАСС изјави дека таткото на поранешниот соработник на ЦИА планира наскоро да ја посети Русија, за да го види својот син.

 

09:07