Пукање во двор на училиште во Тетово: Рането дете, се бори за живот

Тринаесетгодишно дете од тетовското село Палатица било рането во левата страна од грбот од  истрел од пиштол. Осомничен дека пукал во него е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.

Според досегашните податоци од истрагата, инцидентот се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.

Повреденото дете било префрлено на скопските клиники каде било приклучено на апарати. Осомничениот малолетник по околу еден час од инцидентот заедно со неговиот татко бил обезбеден од полицијата и се разговара со него.

Пронајден бил и пиштолот од кој се претпоставува дека било пукано, а според досегашните информации за пиштолот нема соодвтени документи за легално поседување. Истрагата го утврдува мотивот и се друго поврзано со овој инцидент.

 

 

 

05.04.2017 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега