Бесими и Адеми ќе расправаат за ИПА фондовите

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска ќе се сретне со министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми.

На состанокот ќе се дискутира за активностите за искористување на ИПА фондовите како и за процесите на интеграција на Република Македонија во Европската унија.

Состанокот ќе се одржи во Министерството за животна средина и просторно планирање.