Работа од соништата- Платата изнесува 16.000 евра

Францускиот институт за медицина и физиологија бара доброволци, кои 60 дена ќе ги поминат во кревет, не работејќи ништо освен физиолошки потреби и за таа работа ќе бидат платени 16.000 евра.

Идеални кандидати за оваа работа од соништатат треба да се физички спремни мажи од 24 до 45 години, кои не пушат. Потребни се 24 кандидати. Од нив се очекува да јадат, пијат, да се капат, и да ги извршуваат физиолошките потреби во кревет.

По завршување на експериментот, учесниците ќе поминат две недели во институтот на програма за опоравување, а потоа ќе прават тестови со кои научниците ќе се обидат да ги согледаат негативните ефекти од долготрајното лежење.

Како и астронаутите, учесниците ќе патата од губиток на мускулната маса во долниот дел од телото, опаѓање на густината на коските и потешкотии во стоење, што е негативна страна на оваа работа од соништата.

 

 

 

04.04.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега