Прегазен маж во скопски Аеродром - лекарите се борат за неговиот живот

Педесет и шест годишниот Љ.Ј. од Долно Соње се бори за живот во Клиничкиот центар во Скопје откако вчера бил удрен од автомобил.

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа се случила на улицата „Трета македонска бригада“, при што пешакот Љ.Ј. бил удрен од автомобил Дачија Логан управувана од Ж.Р.

Со здобиени тешки повреди, Љ.Ј. со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар каде се наоѓа во животна опасност.

 

 

 

04.04.2017 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега