Пукање сред Белград - убиен братот на Лука Бојовиќ

Братот на Лука Бојовиќ, Никола е убиен од огнено оружје околу 7.05 минути на улицата царца Милица во Белград, пренесува Телеграф.

Никола Бојовиќ се наоѓал на тротоарот на Улицата царица Милица пред бројот 11, кога му се доближил напаѓачот и пукал од огнено оружје во главата и стомакот. Откако паднал, убиецот испалил уште неколку куршуми во него. Нада Мацура портпаролот на итната помош, соопшти дека имал прострелни рани во главата, градниот кош, стомакот, подлактицата и е затекнат без свест и со речиси незабележливо дишење. Префрлен е на оделението за реанимација во Ургентниот центар, каде починал од добиените повреди. Улицата беше затворена за сообраќај и на лице место надлежните екипи го утврдиле случајот, а на асфалтот биле видни трагови од крв.

Никола Бојовиќ во српската полиција бил регистриран како една од личностите на врвот на криминалните групи на браќата Лук.

 

ФОТО: Телеграф

најчитано сега