СДСМ во ќорсокак - Влада нема да се избере се додека нема нови избори
СДСМ прави стратегија како да ја заобиколи собраниската дебата за да може да избере Претседател на Собранието и да почне со реализација на како што велат од Бихаќка, програмата на владата, или пак, платформата на Еди Рама, како што повеќе сакат да кажат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата не откриваат каква стратегија планираат за да се надмине состојбата, но оние кои подобро го познаваат Собранието велат дека излез од оваа состојба едноставно нема.
„Вака како што се заглавени, а СДСМ заглави, ова ќе трае, во најоптимистична варијанта шест месеци, а во најпесимистичка три и пол години, до завршување на мандатот на овој пратенички состав“, смета универзитетскиот професор Александар Климовски, зборувајќи за процедурата за избор на претседател на Собранието.
„За влада, владата не можат ни да ја видат, а тоа е мандатот од страна на претседателот. Додека не дадат јасно и гласно гаранции дека се откажуваат од албанската платформа којашто е антидржавна и антиуставна во својата содржина, дотогаш нема да го добијат мандатот“, заклучи Климовски.
Во таква ситуација, СДСМ се надева на притисок на меѓународниот фактор и очекува Иванов да го смени ставот. Но по посетите на Могерини, Хан и Туск, ставот на Иванов останува непроменет. Во вакви околности, медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС сега се надеваат дека државата ќе биде подложена на санкции од Европската Унија и останатите меѓунраодни институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа