Протест во Неготино: „Пред вас имате народ, имате нација со изградени вредности и утврден идентитет“

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Неготино. Пред присутните се обрати студентката Ивона Атанасова.

– „Чадори, бомбаши, предавници и трговци. Пред вас имате народ, имате нација  со изграедни вредноси и утврден идентитет. Нација која гордо и исправено ја пее својата химна.“- порача Атанасова.

На сите кои секојдневно протестираат таа им честита за храброста и издржливоста за заедничка Македонија.

– „Веќе  над 30 дена сме овде на исто место и не отстапуваме од нашите цели. Секој ден сме овде заедно и го делиме истото мислење, Македонија вака се сака.  Ги носиме овие црвено жолти бои затоа што емотивно сме врзани за нив. Овие бои се дел од нашиот код за распознавање, со истиве овие бои и оваа знаме ги бодрев сите наши Македонски победи, со истата цел и мисла се гледаме и утре повторно.“- порача таа.

 

 

 

 

03.04.2017 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега