Одобрен нацрт - законот со рестриктивни мерки за намалување на трошоците во Грција
Грчкиот Парламент го одобри синоќа нацрт-законот, кој му го достави Владата, а кој се однесува на спроведување реформи и рестриктивни мерки за намалување на трошоците, договорени со тројката меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за исплаќање на транши во износ од 8,8 милијарди евра на Грција.
Законот беше усвоен со 168 гласа „за“ и 123 „против“ и со него за прв пат во изминатите сто години ќе се отвори патот за намалување на бројот на државните службеници.
Околу две илјади државни службеници ќе бидат отпуштени до крајот на мај, други две илјади ќе бидат отпуштени до крајот на годината, а уште 11.500 до крајот на 2014 година или вкупно 15.500.
По повик на синдикатите неколку илјади лица се собраа во центарот на Атина на протестен митинг против мерките содржани во законот.