Влегол во црква и ги избодел хористите - уште еден крвав инцидент во САД

 

Момче избодело четири лица од хор во католичка црква во градот Албукерк во државата Њу Мексико, јавија американски медиуми.

Лоренс Кејпнер (24) ги нападнал хористите за време на неделна служба. Полицаец кој не бил на служба и други луѓе кои следеле миса успеале да го совладаат напаѓачот до пристигнувањето на полицијата.

Четворицата повредени се хоспитализирани. Засега не е соопштено за мотивите за нападот на Кејпнер.

најчитано сега