Нови случаи на заболени од ХИВ во Македонија
Нови 4 случаи со ХИВ/СИДА само во февруари откриени се во Македонија. Според податоците од месечниот извештај на ИЈЗ сите се мажи од Скопје на возраст од 30 до 39 години.
СТЕНД- Од првиот слуачај од пред точно 30 години до денеска во земјава се евидентирани вкупно 320 лица со ХИВ/СИДА. Речиси половината се откриени во последните 5 години.
Статистиката покажува дека со болни од СИДА се 181 лице, а ХИВ позитивни 139. Од нив 81 починале.
Според епидемиолозите зголемениот број на новооткриени случаи се должи на порастот на бројот на тестирања. Но, од друга страна инфектолозите предупредуваат дека на еден потврден има има уште 2-3 заразени лица кои не се свесни за тоа. Овој тренд не е присутен само во нашата држава туку состојбата е иста во повеќе западноевропски земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа