Во Кичево продолжи граѓанскиот протест на здружението “За заедничка Македонија”
Пред платото на Домот на културата во Кичево продолжи грѓанскиот протест на здружението “За заедничка Македонија”.
На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанското здружение кој потсети дека целта на маршот е да упатат порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави.
- Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот. Уште еднаш ги повикуваме сите наши сограѓани без оглед на национална, верска или партиска припадност што сакаат да живеат во нашата заедничка држава Македонија да ни се придружат на нашиот мирен протест, рече Силјаноски.
Тој додаде дека ќе продолжат со протести додека не се осигураат дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаат и каква што треба да биде унитарна и заедничка за сите нејзини граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа