Протестен марш во Охрид за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Во Охрид и денеска граѓани преку марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.
- Ние имаме еден јазик, платформа не ни треба однадвор...Нема да дозволиме никому да се игра со оваа држава, изјави во име на учесниците на протестот Иван Јанкоски, инаку македонски иселеник во Германија.
Славица Николоска им порача на Македонците со крената глава, сплотени да застанат во одбрана на татковината, сите заедно да кажат „не“ на платоформа направена во туѓа држава, а „да“ за унитарна Македонија.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа