Монструми шетаат по улици - масовно труење на кучиња во Струмица
Во последните 24 часа, се отруени преку 20 кучиња на подрачјето на Струмица, јавува ТВ Вис. Според информациите на телевизијата, освен скитници биле отруени и 3 домашни миленици за кои сопственикот веќе пријавил во струмичката полиција но ја известил и општинската комунална инспекција. Оттаму тврделе дека не знаеле за случајот.
Комуналното претпријатие утрово собрало десетина отруени кучиња од улиците во Струмица. Според раскажувањата на сведоците, освен кучиња имало и дваесетина отруени птици кои најверојатно јаделе од отровот.
Струмичани стравуваат дека и нивните миленици може да бидат отруени.
ФОТО: ТВ Вис