Конечно добри вести за времето во Македонија
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса насекаде во земјава преовладуваше сончево и топло време со слаб северен ветер, кој повеќе беше изразен на повисоките места и планините.
Претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер кој повеќе е изразен на повисоките места и планините. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и свежо со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец.
Времето утре, сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури на некоиместа ќе бидат негативни и ќе се движат од -3 до 3, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во пораст и во интервалот од 17 до 22 степена.
Скопје Сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите од -1 до 20 степени.
Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а облачноста постепено ќе се зголемува. Во петок во југосточните делови ќе има слаб дожд. За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа