Димитриев: Владата функционира најнормално и тоа е наша обврска кон граѓаните на оваа земја

Владата функционира во едни специфични услови, меѓутоа функционираме согласно закон и без разлика што изборите поминаа и нема формирано нова влада, државата не може да престане да функционира и сето она што го претставува државниот апарат, рече премиерот Емил Димитрив, во дневникот на сител телевизија.

-Државата мора да ги обавува сите оние функции кои во крајна цел се во интерес на самите граѓани, исто така има и агенда за меѓународно претставување на земјата и владата функционира најнормално, одржува редовни седници и функционираме во полн состав и во владата учествуваат министри од сите политички партии кои што ја сочинуваат коалицијата и се така ќе функционираме додека парламентот не одлучи поинаку. Тоа е наша обврска, ние имаме одговорност кон граѓаните за сите секојдневни потреби да ги сервисираме мора да функционираат болниците, училиштата, да ги реализираме проектите кои што граѓаните ги чекаат и се неопходни, така да доколку продолжи ваквата состојба оваа влада ќе функционира и ќе ги сервисира своите обврски редовно кон граѓаните кои што го очекуваат тоа од нас, потенцираше Димитриев.

 

 

 

22.03.2017 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега