ВИДЕО: Даниел земал детектор и почнал да ја пребарува фармата - стана интернет сензација

15 годишниот Даниел Кристиансен од Данска открил нешто историско. Откако добил задача од предметот по историја, Даниел и неговиот татко пред куќата откопале делови од метал за кои сакале да направат интересна презентација.
Но иако мислеле дека тоа е обично парче метал, испаднало дека откриле нешто многу важно. 
Користејќи метален детектор Даниел и неговиот татко Клаус утврдиле дека станува збор за делови од авион кој доживеал несреќа во билизна на нивната куќа. 
Тие веднаш ги повикале надлежните за да ги проверат своите сомневања. Тие пронашле и облека, а во облеката имало и документи. Во прашање бил авион од германска компанија.
Неговата наставничка била фасцинирана од тоа што Даниел го пронашол, дури тој добил и слободен ден. Деловите од авионот денес се во сопственост на историскиот музеј во Северен Јутланд. Археологот Торбен Сарав верува дека неговиот тим ќе успее да го индетифгицира пилотот и да ги врати пронајдените документи.
 

 

 

22.03.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега