ФОТО: Охридските средношколци на улиците испратија порака за унитарна Република Македонија
Денеска учениците од средното стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Охрид, со развеани македонски знамиња, решија порано да ги напуштат часовите, за да испратат порака дека се против разнебитување и за задржување на унитарноста на државата.
Студенти и средношколци и од многу други градови секојдневно излегуваат на улиците за да кажат „НЕ“ за двојазична Македонија и дебати кои се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.
22.03.2017 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа