Груевски: Клучна и крајна цел е промена на името и идентитетот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека како партија ќе понудат документ за излез од кризата кои треба да го прифатат сите партии и целта е да се задржи унитарноста на државата.
-Целта на овој документ е прифаќање од страна на сите политички партии, но задржување на унитарноста на државата и да не се оди кон урнисување и растурање на нашата држава која што тешко ја добивме. Исто така со ова треба да се спречи и промена на името по грчи терк и на исти начин решение за идентитетот на Македонците, истакна Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа