Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е таргет на СЈО и СДСМ затоа што е на браникот на националните и државни интереси
Акцијата на СДСМ и СЈО е планира до таа мера, не само да се оди кон поединци од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа поединци во смисла на најмалку половина раководство ако може и цело раководство, туку да не нападне и партијата, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто во Дневникот на Канал 5.
-Да се заплени нејзиниот имот, да се блокира сметката, да се блокираат средствата на партијата, да не може да функционира, за да може да се истера оваа агенда. И однадвор никој ништо нема да каже како што и сега никој ништо не кажува за медиумите, вели Груевски.
Тој посочува дека да му се случело ова на некој друг, кој е на линијата на агендата на Заев и платформата од Тирана, сите НВО од ЕУ и цел свет сега ќе биле на нозе.
-Сега имаме под прогон газда на медиум само затоа што неговиот медиум се труди да објасни што се случува во Македонија и кои се ризиците што доаѓаат и не оди по теркот кој го замислил Заев и неговите сценаристи. Под закана се и другите медиуми. Под закана е и клучната политичка партија која е на браникот на одбраната на националните и државни интереси. Тоа е еден план кој единствено народот може да го спречи, вели Груевски во интервјуто на Канал 5.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа