Ова е најдебелиот маж на светот: Го вдишував мирисот од својатаз урина, а потоа ослабев 317 килограми

Британецот Пол Мејсон некогаш имал 445 килограми и важеше за најдебелиот човек на планетава. После операцијата за стеснување на желудникот, почнал полека да го враќа својот живот во нормала. Меѓутоа, седум години подоцна, последиците од дебелината му го уништиле животот. 

Неговата спална соба претставува целиот негов свет, а огромниот кревет никако не може да го напушти. Живее тука нон - стоп во ист агол - три години, додека интимните делови му се прикриени со два чаршафи, пришиени еден за друг. Секој ден вдишува од својата урина. 

Во меѓувреме ја доби титулата најдебел човек на светот, но сфатил дека не сака да умре. 

Му се смачи да внесува во себе по 20.000 калории дневно. Да доручкува колку што јадат 10 лица. Да грицка по 40 кесички чипс и 20 чоколада секој ден. 

Овој човек знае ека хируршкиот зафат може да му помогне, но ито така и да го убуе - процедурата  за да биде намален неговиот желудник носи ризик 50 - 50 посто. Може да умре од срцев удар, крвен притисок, прскање на крвните садови...

Зимата во 2010 година, пет болничари во жолти одела го изнеле од станот на голема носилка. Министерството за здравје во Англија ја пребара цела земја за да најде доволно големо амбулантно возило. 

 

Хеликоптерот отпаднал како опција, бидејќи ниту еден хеликоптер немал широка врата. 

До боницата го прателе и фотографи кој после во весниците го нарекуваа „ Човекот планина“.

Во болница докторите прво го држеле на „млечна диета“' - две недели внесувал само млеко во себе за пред операцијата да симне што повеќе килограми. 

 

 

 

Foto Profimedia

После оепрацијата морал да учи да оди и да стои - телото сето тоа го има заборавено бидејќи со години лежел во креветот. 

Погледнете како изгледа денес после операцииите. 

 

Foto Profimedia

 

 

 

 

17.03.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега