Болка и лелек на гробиштата: Николина погребана во венчаница

Училишните другари, роднините и пријателите се собраа на локалните гробишта во село Станови кај Добор за да ја испратат Николина Ѓедовиќ (18), која во вторниот почина во Клиничкиот центар во Бањалука, по повредите здобиени во несреќата на железничкиот премин кај Добој во кој настрадаа и нејзината сестра и родителите.

На гробиштата владееше молк и тишина, се слушаа болни крици. Николина беше погребана во венчаница, како и нејзината сестра Кристина. Венчаниците ги купиле нивните тетки.

Пред почетокот на опелото се слушна сирена од возот кој доаѓал од Бањалука. Тишината ја распара тој ужасен збук. Во тој момент сите на гробиштата почнаа да се крстат, зошто ги потсети на трагедијата која кобниот ден му се случи на ова семејство.

Мештаните од селото, кое е завиено во црно, кога на кобрниот железнички премин загина целото семејство Ѓедоиѓ, најавуваат нови протести, на кои ќе инсистираат на отстранување на објектите покрај пругата и изградба на безбеден премин означен со светлосна сигнализација.

Во страотниот судар на товарен воз и автомобил на 12 март на пругата кај Грабовица кај Добој загина брачната двојка Славица (46) и Златан Ѓедовац (53) од Станови, а од здобиените повреди почина и нивната ќерка Кристина (17). Ден потоа почина и нивната 18-годишна ќерка Николина.

 

 

 

17.03.2017 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега