Трагедија во Црна Гора: Се удави петнаесетгодишно момче

Трагедија ја потресе Црна Гора. Петнаесетгодишно момче Џ.У. од Нови Пазар се удави вчера на Големата улцињска плажа. Иако спасувачките екипи и брзата помош веднаш интервенирале, сепак за жал докторите можеле само да констатираат смрт.

Подгоричка „Побједа" пишува дека не се познати околностите под кои момчето се удавило.

Телото на малолетникот е предадено на обдукција.

ФОТО: Попара

09:50

најчитано сега