ВМРО-ДПМНЕ: Не гласавме за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми
Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тие ја имаат улогата на цензор за да расчистат со медиумите кои не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти.
Со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа