Четкар: Верувам дека ќе најдеме мирно и паметно решение и дека ќе ги надминеме разликите, да ни е вечен македонскиот народ

Познатиот македонски музичар Владимир Четкар кој секојдневно ја претставува Македонија надвор од границите јавно изрази загриженост за актуелните политички случувања во државата и се поголемата поделеноста на македонскиот народ.

-Пред неколку дена имав прекрасна дружба со Артуро Сандовал. Овој пат не во Охрид туку во Џакарта, Индонезија. Со Артуро евоциравме спомени од нашите заеднички моменти во Македонија, за староградската музика, за македонската кујна и прекрасното гостопримство кое ми кажа дека му останало во спомен како едно од најубавите и најискрените кој ги доживеал во неговата кариера. Ме прашуваше како е дома во Македонија. Незнаев како да му одговорам. Не сум учен да зборувам лошо за мојата земја, мојата специјалност е да ја претставам во најдобро светло. Во Македонија доаѓам скоро секој месец, посебно последниве неколку години. Цел живот се трудев да ја избалансирам мојата кариера на таков начин што ќе бидам присутен и дома, но и активно ќе настапувам низ светот каде ќе ја промовирам мојата работа а со тоа и моето потекло, напиша на Фејсбук Четкар.

Посочи дека навистина е тешко да се биде сведок на огромната поделеност меѓу македонскиот народ.

-Душата ме боли кога гледам како другари од моето детство па дури и семејства дозволија работата да отиде толку далеку да веќе практично не се поднесуваат. Инспирацијата секогаш сум ја црпел од позитивните и ведрите страни на животот. На моите настапи дома во Македонија сум се трудел да ширам најискрена љубов и колку можам мојата публика да ја обединам. По природа сум космополит, и верувам дека само така имаме шанса сите на овој свет. Ги сакам сите култури, народи и традиции но најпрво си го засакав својот народ бидејќи за мене да живееш без љубов кон своето е како да лебдиш во космосот без гравитација, како душата да ти е вечно осудена на талкање. Така сум бил воспитан. Токму таа љубов ми даде основа да ги сакам и сите други но ми даде и полет тоа што го правам да го правам најуспешно што можам. Верувам дека ќе најдеме мирно и паметно решение и дека ќе ги надминеме разликите, страстите и себичните потреби и ќе и дадеме предност на меѓусебната почит и помирувањето на македонскиот народ, а со тоа и стабилноста дома во Македонија.  Да ние вечна Македонија и да ни е вечен македонскиот народ, образложи Четкар.

cetkar2

 

 

 

16.03.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа