Заложничка драма ја потресе Луизиана

Маж вооружен со огнено оружје зеде вчера како заложници три лица, две жени и еден маж, вработени во банка во гратчето Сент Џозеф во американската сојузна држава Луизиана. 

Локалната полиција соопшти дека по преговори со мажот неколку часа по почетокот на инцидентот, тој се согласил да ослободи една од жените, која не била повредена и била во добра здравствена состојба.

Полицијата соопшти дека засега не забележала истрели или насилство. Преговорите со мажот продолжуват и полицијата се надева дека ќе го убеди да ги ослободи и другите двајца заложници.

Се претпоставува дека киднаперот работи во супермаркет во градот и полицијата е во контакт со неговото семејство. 

Во Сент Џозеф живеат 1.135 жители.