ТАГА: Десетгодишниот Коки починал од студ
Центарот за јавна безбедност Бијељина потврди дека го пронашла телото на детето на локалитетот Курјача на Мајевица и во тек е идентифијата.
Детето беше пријавено за исчезнато на 7 март и до денеска не беа пронајдени никакви траги од него и покрај тоа што во потрагата по него беа вклучени секојдневно од 200 до 300 луѓе и современа техника
Теренот секојдневно го пребаруваат припадници на Центарот за јавна безбедност на Бијељина и цивилната заштита, вооружените сили на БиХ, како и искусни членови на спасувачки и горски екипи, ловци и мештани.
За жал, потрагата заврши со трагичен исход. Неофицијално телото на детето е пронајдено на 7 километри од семејната куќа.
Според резултатите од обдукцијата детето починало од студ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа