Роналдо чека близнаци, но не од девојката

Големата ѕвезда на светскиот фудбал – Кристијано Роналдо, повторно ќе стане татко, соопшти британскиот “Сан”.

Португалецот чека близнаци, а мајката повторно ќе биде сурогат и речиси сигурно ќе остане непозната, прецизира весникот.

Ѕвездата на „Реал Мадрид“ има син кој го роди сурогат мајка во 2010 година и го носи неговото име.

Во моментов Кристијано Роналдо има сериозна девојка – шпанскиот модел Георгина Родригез, за која според гласините тој ќе се ожени догодина.

 

 

 

13.03.2017 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега