Со полна пареа се изработува проектот за новата зграда на Ѓорче Петров

Проектот за административниот објект  на општина Ѓорче Петров отпочна да се изработува со полна пареа, информираат од Општината.

-Како приоритетна задача проектот треба да биде квалитетно изработен и да ги исполни очекувањата за проектирање на атрактивна зграда.Целта на новиот проект не е само задоволување на потребите за простор туку и инкорпорирање на технички решенија и високо квалитетни материјали кои ќе обезбедат стабилност,сигурност и квалитетна финална обработка.Проектот за административниот објект предвидува подрумски дел кој ќе се користи како паркинг простор , приземје, и први кат.На приземјето проектот предвидува општи содржини кои ќе ги опслужуваат сите сектори  и  простории од јавен карактер.Кабинетот на Градоначалникот, просториите за Советот и за дел од секторите ќе бидат сместени на првиот кат.Предвидената корисна површина на административниот простор ќе изнесува 3.600 м2.Објектот ќе биде целосно опремен по европски терк.Проектната документација се очекува да биде готова до крајот на оваа година,кога ќе биде ставен камен темелникот на новата општина во реонскиот дел од паркот, информираат од Општината.

-Одговорната и стручна администрација како и сите  жители на општина Ѓорче Петров заслужуваат нов современ објект. За вработените во локалната самоуправа тоа ќе биде уште поголем поттик да обезбедуваат секојдневен високо квалитетен сервис на граѓаните според современите европски стандарди, вели Градоначалникот Митровски.

 

 

најчитано сега