Иванов: Пречките за определување на мандат не се отстранети

Пречките за определување на мандат се уште не се отстранети, велат од Кабинетот на Претседателот, по повиците од СДСМ Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев.

-Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување на мандат за состав на Влада се уште не се отстранети, се вели во ставот од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на прашање на Press24

Во обраќањето на 1 март, претседателот Иванов од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според шефот на државата, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

Според претседателот Иванов платформата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава, земјата е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени.

„Сè додека сум Претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив“, изјави претседателот Иванов на 1 март.

 

 

 

 

13.03.2017 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега